Во овој вовед во бизнис аналитиката, најпрво мораме да го разбереме терминот „аналитика“. Таа генерално се однесува на науката за обработка на податоците преку аплицирање на различни модели и статистички формули на истите за да се дојде до одреден увид во резултатите од тие податоци. Овие резултати претставуваат клучни фактори што ни помагаат да решаваме бројни проблеми од различни типови, а кога со помош на резултатите си помагаме со бизнис – проблеми, тогаш работиме Бизнис Аналитика.
Алатките употребени за аналитика може да варираат од обични документи и табели до предиктивни аналитики за покомплексни проблеми. Процесот ги опфаќа овие алатки за да исцрта шеми и да идентификува врски. Следствено на тоа, се поставуваат нови прашања кои бараат овие процеси да почнат одново за да се одговорат истите се додека целта на бизнисот не се оствари. Употребата на Бизнис аналитиката е популарна во многу сфери и индустрии, како на пример телекомуникации, медицина, угостителство и уште бројни индустрии кои мораат да ги одблиску нивните корисници и потрошувачи, а токму поради ова, вештините во Бизнис аналитиката може да се употребат во речиси сите компании кои сакаат да водат успешен бизнис кои носи одлични резултати во работењето.
Компоненти на Бизнис Аналитика
Модерните светски бизнис – стратегии се ориентирани околу податоците и низната анализа. Бизнис аналитиката, машинското учење и data science се употребуваат за да продуцираат решенија за комплексни и специфични бизнис проблеми. Иако сите овие имаат различни компоненти, некои клучни компоненти остануваат слични, а ова се некои од клучните компоненти на бизнис аналитиката:
Складирање податоци (Data storage)
Податоците се складираат преку компјутерите на начин што можат да бидат употребени во иднина. Процесирањето на овие податоци преку storage уреди се нарекува data storage. Исто така, постојат и специјални софтверски продукти и сервиси кои се концентрирани кон data storage.
Визуализирање податоци (Data visualization)
Ова е процес на графичко претставување на информациите или увидот нацртани преку аналитиката на податоци. Data Visualization ја прави комуникацијата на излезните информации до повисокиот менаџмент далеку поедноставна за разбирање.
Insights
Тоа се излезни податоци (outputs) извлечени од анализата на податоци преку имплементирање на бизнис аналитика.
Безбедност на податоци (Data security)
Еден од најважните компоненти на бизнис аналитиката е безбедноста на податоците. Тоа вклучува мониторинг и идентификување на на злонамерни активности на безбедните мрежи. Real-time податоците и предиктивните техники и модели се употребуваат за идентификување на слабости во системот, за подоцна да се преземат активности за нивно отстранување.