За A1 Academy

Што е A1 Academy?

Што е A1 Academy?

A1 Academy е едукативна програма иницирана и спроведена од А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото За подобар свет.

А1 Academy е креирана за млади што сакаат да стекнат нови знаења и дигитални вештини неопходни за успешно управување со нивната кариера.

Предизвикајте се себеси и бидете дел од академија создадена за да ви овозможи различни и возбудливи можности за кариера во голем број сектори. Преку академијата ќе научите нови алатки за работа и начин на размислување што ви се потребни за да напредувате во дигиталниот свет. A1 Academy е програма што вклучува целосен пакет курсеви за дигитални вештини, поделени во три модули и потребни за разбирање и управување со комплексни дигитални области.

Визијата на А1 Аcademy

Нашата визија е да создадеме иновативни искуства за учење што ќе ги едуцираат, ќе ги инспирираат и ќе ги поддржуваат младите во градењето на нивната кариера.

Да обезбедиме супериорен избор и квалитет за младите преку широк опсег на алатки.

Да се направи учењето пријатно со достапна програма за учење, без оглед на претходното познавање во одредена област.

Да се отворат нови можности за младите за да ги постигнат своите лични и професионални цели за учење и развој.

Аплицирај

Запознајте ги предавачите

Врвни експерти и соработници, професионалци во својата област, кои се подготвени своето знаење да го пренесат со примери од лично искуство.

Зошто да бидете дел
од А1 Academy?

  • Курсеви што ги покриваат сите основни дигитални дисциплини, дигитални вештини и можност да станете специјалист во одредена област.
  • Академија што е 100% бесплатна.
  • Врвни предавачи експерти што се подготвени да го пренесат своето знаење.
Аплицирај

Често поставувани прашања