Дигиталниот маркетинг е поле што постојано се менува. Сведоци сме на нови и неочекувани трендови во дигиталниот свет што ги поставуваат темелите за иднината на маркетингот. Експертите на дигиталниот маркетинг предупредуваат дека веќе извесно време интернетот е преплавен со многубројни содржини што се натпреваруваат за вниманието на корисниците. Оваа година трендовите за дигитален маркетинг ќе бидат едни од најреволуционерните досега.

Во продолжение 5-те тренда за дигитален маркетинг што ќе ја одбележат 2022 година:

Видеомаркетинг

Прв тренд на списокот на дигиталниот маркетинг е TikTok, како најатрактивна платформа чиј број на корисници секојдневно расте. Платформата TikTok ја користат повеќе од милијарда корисници, кои поминуваат во просек по 52 минути дневно гледајќи кратки видеа. Видеата на TikTok за кратко време можат да станат масовно вирални и да им овозможат на брендовите да допрат до своите корисници низ целиот свет.

Трендот на видеомаркетинг не значи дека треба да започнете да инвестирате во скапи видеоуслуги. Важно е да се фокусирате на содржината и да воспоставите врска со корисниците.

Инфлуенсери

Јасно е дека светот на дигиталниот маркетинг е сè подинамичен и поинтересен. На социјалните мрежи се појавија многу нови инфлуенсери, кои успешно ги извршуваат своите обврски и стануваат сè попопуларни меѓу публиката. Покрај зголемувањето на застапеноста, гледаме дека инфлуенсерите ги насочуваат своите кампањи кон сите платформи на социјалните медиуми и со тоа стануваат сè поатрактивен избор за публиката што ги следи.

Четботи

Сè повеќе расте употребата на четбот, со што се олеснува работата на бизнисите. Четбот е компјутерска програма или софтвер со вештачка интелигенција што го автоматизира разговорот со корисникот. Тие можат да се програмираат со различни одговори врз основа на тоа што бара корисникот. На пример, четботот може да го праша корисникот за која од услугите сака да дознае повеќе и да даде одговор или да го насочи до вистинското лице.

Гласовно пребарување

Гласовното пребарување е еден од истакнатите трендови што доаѓаат во прв план. Причината е очигледна, корисниците ја сакаат удобноста на пребарувањето со кажување термини, наместо пишување во лентата за пребарување. Со оглед на тоа што трендот на гласовно пребарување станува уште поголем, прифаќањето на гласовното пребарување станува императив за секој бизнис.

Приватност, транспарентност и градење доверба

Маркетерите треба да се фокусираат на градење стратегија за заштита на податоците, која е на прво место за корисниците. Приватност, транспарентност и градење доверба, им овозможуваат на корисниците целосна сигурност како и контрола врз нивните податоци.