Академијата за Бизнис Аналитика нуди иновативен и современ пристап кон решавање на традиционалните бизнис предизвици, а воедно и совладување на модерните и актуални бизнис проблематики што произлегуваат од технолошки напредниот 21ви век.

Оваа програма е дизајнирана за да им овозможи на слушателите да стекнат знаење и вештини во повеќе области, како што се анализа на податоци, визуелизација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примената на вештачка интелигенција во бизнис секторот. Дополнително, програмата нуди детално изучување на клучни сегменти како што се предвидување на бизнис трендови, оптимизација на процеси и стратешко одлучување.

Целта на оваа програма е да се објаснат најновите методи и практики кои сѐ повеќе се употребууваат во сферата на бизнис аналитика и оперативниот менаџмент, а придонесуваат за оптимизација на бизнис процесите, намалување на трошоците и целокупно подобрување на ефикасноста и работењето на бизнисите.

Програма

Ден 1

Вовед

  • Објаснување на важноста на современите бизнис предизвици и технолошкиот напредок во 21ви век
  • Кратко објаснување за важноста на вештачката интелигенција во денешното водење на бизнис

Ден 2

Анализа на Податоци

  • Детално изучување на техники и алатки за анализа на податоци
  • Работилница за визуелизација на податоци и интерпретација

Ден 3

Бизнис Фактори

  • Изучување на методи за анализа на внатрешни бизнис фактори
  • Практична работа на студии на случаи

Ден 4

AI

  • Објаснување и примена на вештачка интелигенција во различни бизнис контексти
  • Демонстрација на примери и примена во реални сценарија

Ден 5

Стратешко Одлучување

  • Техники за предвидување на бизнис трендови и оптимизација на процеси
  • Работилница за развој на стратегии и одлуки во бизнисот

Ден 6

Заклучок

  • Повторување на клучните концепти и методи научени во текот на програмата
  • Дискусија за практичната примена на знаењата и вештините во реален бизнис контекст.

Што добивате

  • Аналитички вештини
  • Вештини за разрешување проблеми
  • Критичко размислување
  • Разбирање на бизнисот

Предавачи: Александар Качаковски

Датум на почеток:
09.04.2024
Отворени места:
50
Времетраење:
3 недели
Предавачи:
Александар Качаковски
Број на часови:
12
Локација:
Плоштад Пресвета Богородица 1, 1000 Скопје
Контакт:
contact@a1academy.mk