Светот околу нас се менува брзо. Постојано сме во потрага по нови идеи што ќе донесат значителни промени во општеството. Проблемите со кои се соочуваме како општество стануваат сè поприсутни во нашето секојдневие. Ние во А1 Македонија се стремиме да ги поместиме границите во сите области, да ги препознаеме проблемите, да одговориме на промените во општеството и да придонесеме за севкупниот развој и заштитата на животната средина. Во рамките на програмата ESG (Environmental, social and corporate governance), како компанија што се води од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, целосно сме насочени кон општествено-одговорни проекти.

Во фокусот на нашиот интерес се животната средина, дигиталната писменост и корпоративното управување.

Секојдневно се соочуваме со нови предизвици на дигитализацијата и со потреба да се користат дигиталните техники. Движењето на дигитализацијата е наша општествена одговорност и е длабоко вкоренета во нашите цели.

Дигитализацијата е најголемиот предизвик на нашето време. Ние сме двигател и овозможувач на оваа дигитална трансформација. Ја движиме нашата стратегија „Зајакнување на дигиталниот живот“ еден чекор напред, поврзувајќи ја со одржливи цели со кои сакаме да придонесеме во областа на животната средина, општеството и управувањето.

Дигиталната писменост игра важна улога во нашето општество и е неопходна алатка во оваа нова ера. Дигиталната писменост е способност да се најде, да се процени, да се користи, да се споделува и да се создава содржина со користење информатички технологии и интернет.

Главната амбиција на А1 за дигиталната писменост:
До 2023 година, едукација на повеќе од 100 000 луѓе, особено фокусирани на млади во сегментот на дигиталната писменост за да им се пренесат дигиталните вештини за активно обликување на дигиталните светови.