1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Веб страницатa www.a1academy.mk, претставува платформа за апликации за бесплатна едукација на млади лица од 18 од 25 години од страна на Друштвото за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, преку која што се собираат потребните податоци за лицата кои што аплицираат на одредена обука.

2. КОНТРОЛОР И НЕГОВИ КОНТАКТ ПОДАТОЦИ

Контролор на личните податоци е Друштвото за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр.1, 1000 Скопје, РС Македонија.

Контакт податоци:
Контакт центар 077 1234
Е-маил: contact@a1academy.mk; dpo@a1.mk

3. ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

А1 Македонија во својство на контролор на лични податоци го има определено лицето Ѓорѓи Рајчиноски за Офицер за заштита на лични податоци кое е достапно на:

E-mail: dpo@a1.mk; gjorgji.rajchinoski@a1.mk
Tелефонски број: +389 77772438

4. ЧИИ ПОДАТОЦИ ОБРАБОТУВАМЕ?

  • Посетители на веб страницата https://jobs.a1.com
  • Физички лица – апликанти за одредена обука
Обработка на Вашите податоци

Доколку се регистрирате преку нашиот портал за работни места, ќе ги обработиме следните податоци за Вас доколку се содржат во Вашата апликација:
Име и презиме, возраст, е-маил, град како и други податоци наведени во Вашето CV и други документи (доколку такви имате приложено кон апликацијата).

Ги бришеме Вашите податоци по 6 месеци од денот на аплицирање, за да можеме да Ве исконтактираме за следна едукација.

Вашите лични податоци се обработуваат врз основа на Ваша согласност, односно слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја како субјект на личните податоци (апликант за едукација), преку изјава или јасно потврдено дејствие.

Вашите лични податоци ќе се обработуваат исклучиво за цели на постапката на избор за едукаиција и нема да се обработуваат за други цели.

Вашите податоци ги обработуваме со цел да провериме дали се квалификувате за обуката за која што се пријавувате и за да контактираме со Вас во врска со натамошните чекори.

Обработка на личните податоци за пoсетителите на веб страницата https://a1academy.mk

При посетата на нашата веб-страница за секој посетител се обработуваат следните податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел
  • Вашиот оперативен систем
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна
  • URL на страницата која Ве префрлила на нашата веб-страница и во некои случаи, термините кои сте
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите
  • Држава (се одредува преку IP адресата)

Вообичаено собираме податоци кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страница како и за одржување на информациската сигурност на нашата веб-страница со употреба на колачиња (“cookies”).

5. УПОТРЕБА НА КОЛАЧИЊА “COOKIES”

Што се колачиња (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини: Со помош на колачињата А1 Македонија го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната.

Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

А1 Македонија користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Сајтот користи колачиња за перформанси (овозможување и чување на активна сесија), како и маркетинг/аналитика (Google Analytics).

Времетраење на колачињата (рок на задржување)
Име Траење
_qa_QY590SSSVE 1 ден
_qa 1 ден
_qat_gtag_UA_114630682_33 1 ден
wp-settings-2 1 ден
_qid 1 ден
roundcube_cookies 1 ден
wp-settings-time-2 1 ден
Бришење на колачињата

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

Во случај кога не сакате да користите колачиња како што е наведено, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на колачињата, можете да ги избришете преку Вашиот пребарувач.

6. КАТЕГОРИИ НА КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со процесот на аплицирање за обука преку  достапни преку веб страницата www.a1academy.mk се извршуваат од страна на овластени лица од страна на А1 Македонија, кои се одговорни за извршување на овие активности.

А1 Македонија не споделува податоци за Вас на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање обработувачи во согласност со Законот за заштита на личните податоци со што ќе бидат обврзани да обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги (Доколку ангажираме трета страна за обработка на Вашите податоци, ние и понатаму ќе останеме одговорни за приватноста на Вашите податоци. Трета страна за обработка на Вашите податоци ќе користиме само ако имаме соодветни писмени гаранции или обврзувачки интерни правила за приватност на податоците со договорниот обработувач на податоци);
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само во случај ако постои законски основ за тоа.

7. РОК НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Рокот на чување на Вашите лични податоци е 6 (шест) месеци од денот на аплицирање.
За Вашите лични податоци кои ги обработуваме со Ваша согласност за обработка и немаме друг законски основ да продолжиме со таа обработка, а Вие ја повлечете Вашата согласност, ние ќе ги избришеме Вашите лични податоци.

8. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Сајтот на A1 Academy не врши пренос на вашите податоци во трети земји.

9. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА ВО ОДНОС НА ОБРАБОТКАТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектите на лични податоци (физички лица – во случајот апликанти за обука) имаат права во однос на заштита на нивните лични податоци, како што се детално објаснети во Законот за заштита на личните податоци.

Во оваа смисла, друштвото А1 Македонија ДООЕЛ Скопје како контролор на лични податоци е должно да го олесни остварувањето на правата на субјектите на личните податоци врз основа на член 19 до член 26 од наведениот закон.

Во конкретниот процес на обработка на личните податоци, субјектите имаат можност да ги остварат следните права: право на пристап, право на ограничување на обработката, право на бришење, право на исправка и право на преносливост.

Од таа причина, во продолжение можете да пристапите до соодветните форми со цел реализација на Вашите права за заштита на личните податоци:

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Ѓорѓи Рајчиноски на:

E-mail: dpo@a1.mk; gjorgji.rajchinoski@a1.mk
Tелефонски број: +389 77772438.

10. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.