„А1 Academy, вистинското место за учење на методите што помагаат за донесување на одлуки врз основа на податоци!“

Специјализирал Бизнис Аналитика на Харвард Бизнис школата во Бостон, Масачусетс, и магистрирал Бизнис економија на Гент универзитетот во Белгија. Во својата кариера Александар работел на значајни дата и маркетинг проекти како што е креирање на предиктивни модели, со помош на машинско учење, анализа на податоци за истражувачката агенција Nielsen(Coca-Cola, Schweppes, Fanta), проекти во кои користат модели на вештачка интелигенција за да предвидад човечко однесување во маркетинг кампањите (Salesforce).
Проекти кои користат модели на засилено учење (Reinforcement Learning) во самоуправувачки возила (Tesla).

Во моментот извршува функција Менаџер за дигитална трансформација во Panteleon GS и професионалец со големо искуство во дигитален маркетинг и дата анализа.и е еден од предавачите на вториот модул на А1 Academy што започнува на 7 март. Пријавувањето е отворено до 27 февруари.

Со Александар зборуваме за бенефитите и примената на бизнис аналитика.

Може да кажеме дека во модерното живеење и водење бизнис, токму бизнис-аналитиката е една од најактуелните теми и барани вештини. Кога ти го препозна потенцијалот и важноста на таа област?

Со анализирање се среќаваме во секојдневното донесување одлуки, но не сме секогаш свесни за тоа. На пример: кое чоколадо да го купиме во супермаркет. Одлуката кое чоколадо да го купиме, се однесува на нашите емоции кое го сакаме, но мора да признаеме дека цената влијае врз нашиот избор, оттука и правиме компромиси засновани на анализа, цена наспроти задоволство или цената во друг супермаркет. Во модерниот бизнис-свет, каде што сме опкружени со брзорастечки компании и постојана трка за доминантност на пазарот, за еден бизнис е незамисливо, дури и невозможно донесувањето на одлуките да е без дата анализи. Пример од анализите што бизнисите ги прават на секојдневно ниво се: анализите дали да се воведе нов производ, анализа дали компанијата да се прошири на нови пазари, предиктивни анализи колкава е очекуваната продажба, приходот, трошоците. Сите овие помагаат во секојдневното донесување одлуки на менаџментот.

Како наједноставно ќе објасниш што е бизнис-аналитика?

Бизнис-аналитика е интердисциплинарен пристап, кој овозможува обработка на податоци со помош на статистички методи, сè со една цел – да најде откритија што би помогнале во донесувањето бизнис-одлуки.

Кој може да се занимава со бизнис-аналитика? 

Бизнис-аналитика е буквално потребна на секое ниво, без разлика дали станува збор за топ менаџмент како, на пример, генерален, финансиски, маркетинг директор или, пак, инженер во производство, доктор, книговодител. Сите овие професии донесуваат секојдневни одлуки што се темелат на податоци. На пример, колкава е ефикасноста на одредена машина дали со времето опаѓа и дали треба да се купи, или пак, успешноста на одредена маркетинг кампања итн. Со еден збор, познавањето бизнис-аналитика и начинот на донесување одлуки врз основа на податоци е многу вредна вештина за секој човек.

Дали може да констатираме дека модерните компании и бизниси не можат без бизнис-аналитика во своите одлуки?

Би дал и неколку пример на компании што нè опкружуваат, голем дел од нас користиме Netflix. Netflix секогаш прави истражувања на пазарот поделено на региони какви филмови се гледаат, сè со цел се приспособи и да издаде продукција најсоодветна за своите гледачи. Со помош на бизнис-анализа, Netflix одлучува на каков филмски материјал да ги алоцира своите продукциски и финансиски ресурси. Агенциите како Nielsen се изнајмени од Coca-Cola за да прават анализи каде расте, а каде опаѓа продажбата на пијалаците на Coca-Cola, но и зошто е тоа така, дали е поради конкуренцијата или некоја интерна промена во самата компанија.

Како експерт во областа и како еден од предавачите на А1 Академијата, дали сметаш дека учесниците ќе бидат подготвени да влезат во светот на бизнис-аналитиката?

Јас сум убеден дека за секој од учесниците кој има/имал желба да научи нешто повеќе за донесувањето одлуки врз основа на податоци, А1 Академијата е вистинското место за да го насочи и да го научи за методите што помагаат за донесување на таквите одлуки.   6. Кои вештини ќе ги стекнат учесниците по завршување на курсот?  Учесниците на курсот ќе се запознаат со сите можности на дата анализата, ќе може да прочитаат и да препознаат трендови преку кои ќе може да заземат став во однос на менаџирањето на одлуките за себе или за идните компании. Ќе имаат можност да дознаат повеќе за вештачката интелигенција и како таа функционира, ќе работат на реални проблеми/случаи во светските компании.

Кој е твојот совет за идните учесници на академијата?

Да бидат одморени и подготвени за светот на бројките.