Дигиталниот маркетинг засекогаш го промени начинот на кој компаниите работат и комуницираат со своите корисници. Клучната цел на дигиталниот маркетинг е да се промовира имиџот на брендот на компанијата, да изгради повеќе потенцијални корисници како и да се зголеми продажбата на производи и услуги со употреба на различни дигитални вештини.
Во светот на маркетингот секогаш има нови вештини, совети, трикови и трендови, кои се неопходни за успех на една компанија.
Во продолжение најкорисните маркетинг вештини, кои се неопходни за успехот на компаниите:
Социјални медиуми
Маркетингот на социјалните медиуми е моќен начин за секој бизнис да допре до потенцијалните корисници. Луѓето секојдневно откриваат, учат, следат и купуваат од брендовите на социјалните медиуми. Најпознати платформи за успешен дигитален маркетинг се Facebook, Instagram, LinkedIn како и TikTok, со огромен број следбеници.
SEO – Оптимизација на пребарувач
Наједноставно кажано SEO е процес со кој според правилата на пребарувањето на Google, се постигнува оптимална видливост на веб-страници, со цел да се привлечат што повеќе посетители.
SEO се покажа како значајна алатка и го најде своето место во денешниот дигитален свет на маркетингот. Поискусните во оваа област често знаат да кажат дека SEO е стара алатка речиси колку и интернетот, само што тогаш немаше дефинирано име.
Google Analytics
Најпопуларната вештина за анализа на сообраќајот на веб-страниците е Google Analytics. Обезбедува мноштво податоци што бизнисите можат да ги користат за да проценат како функционира нивната веб-страница, овозможувајќи им да планираат ефикасна стратегија за дигитален маркетинг и да ги променат тактиките доколку е потребно за да постигнат најдобри резултати.
Content Marketing
Content Marketing е процес на планирање, креирање, дистрибуција, споделување и објавување креативна содржина преку канали какви што се социјалните медиуми, блогови, веб-страници, поткасти, апликации, соопштенија итн. Одлична алатка за привлекување на целната публика, како и зголемување на свесноста за брендот, продажбата и лојалноста.
Email Marketing
Email Marketing е вештина што често се потценува, но и покрај појавата на социјалните медиуми, мобилните апликации и другите канали, е сè уште една од најефикасните маркетинг алатки, која овозможува одлична комуникација и допир со потенцијалните корисници.