Елинда со искуство и соодветно образование во повеќе области како што се социологија, веб дизајн и маркетинг е ориентирана на деталите на дигиталните проекти кои можат да придонесат како за подобро корисничко искуство, така и за полесно исполнување на поставените цели. Во последните години со брзите трансформации е насочена во пронаоѓање на аномалии во корисничкото искуство преку користење на различни алатки, истражувања и co-browsing сценарија.

Моментално работи како лидер за дигитална трансформација во А1 Македонија и со тимот секојдневно се борат со различни предизвици во дигиталниот океан. На оваа академија преку теорија и практични примери ќе Ве доближи до дигиталниот маркетинг, социјалните медиуми и најважно анализа на резултатите.