SEO или search engine optimization е процес на подобрување на квалитетот на веб- страницата, со цел подобра достапност на веб-страницата пред пребарувачите. Добро рангирано SEO резултира со зголемување на посетите на веб-страницата или блогот, што за огромен дел од компаниите значи и зголемување на својот бизнис. Огромен дел од посетите на веб-страницата доаѓаат преку пребарувачите, па затоа SEO-стратегија е од суштинско значење за секој успешен веб-сајт.

Пребарувањето е најистакнатиот начин луѓето да откријат и да пристапат до онлајн содржината. Добрата стратегија за оптимизација е од суштинско значење за подобрување на квалитетот и квантитетот на сообраќајот на веб-страниците.

Како функционира SEO?

Пребарувачите како Google и Bing користат алатки наречени роботи или crawler’s- пајаци за да соберат информации за целата содржина што можат да ја најдат на интернет.

Процесот започнува од позната веб-страница и следи внатрешни врски до страници во таа локација, како и надворешни врски до страници на други локации. Содржината на тие страници, плус контекстот на врските што ги следел, му помагаат на пребарувачот да разбере за што е секоја страница и како таа е семантички поврзана со сите други страници во огромната база на податоци на пребарувачот.

Кога корисникот внесува текст во полето за пребарување, пребарувачот користи сложени алгоритми за да го извлече она што верува дека е најточната и најкорисна листа на резултати за тоа барање. Овие резултати може да вклучуваат веб-страници полни со текст, наслови од вести, слики, видеа, огласи и други типови содржина.

Зошто е важно?

Платеното рекламирање на социјалните медиуми и другите онлајн платформи можат да генерираат сообраќај кон веб-страниците, но исто така многу важен дел од онлајн сообраќајот е управуван од пребарувачите. Сообраќајот што доаѓа од пребарувачите се третира како повеќе корисен за веб-страниците затоа што тие корисници доаѓаат наменски кон веб-страницата, со конкретна потреба. Со оптимизирањето на веб–страниците, ќе помогне да се доставуваат подобри информации до пребарувачите, така што содржината може правилно да се индексира и да се прикажува во погорните места на пребарувачот.