„Вториот модул на A1 Academy ќе ве научи како на едноставен начин да раскажете приказна од вашите податоци“
Отворен е повикот за вториот циклус предавања на бесплатната школа за дигитални вештини, А1 Academy преку која учесниците добиваат можност да ја реализираат својата пасија за учење и стекнување дигитални вештини, да слушнат реални бизнис примери и да учат од професионалци кои активно работат во оваа област.
Во ера на дигитализација несомнена е потребата од стекнување дигиталн вештини кои помагаат во успешно функционирање на работното место и секако напредување во кариерниот пат. Неформалното образование ја има предноста да се учи од експерти и нивната пракса што е предност и на овој модул на А1 Академијата, вели Теодора Живковиќ, специјалист за бизнис интелигенција и бази на податоци во А1 Македонија, предавач на вториот модул на A1 Academy за Бизнис аналитика.
На 7- ми март започнува “A1 Academy” и вториот модул за Бизнис аналитика. Зошто младите треба да се пријават и да бидат дел од истата?
Секогаш учење на нешто ново и непознато придонесува кон личен развој од кој подоцна ќе имате само корист а и секако ќе придонесете во развојот на компанија каде што би се вработиле. Овој модул на учесниците ќе им отвори нови гледишта и можности кои се поврзани со анализата на податоците.
Кој може да се пријави и да биде дел од “A1 Academy”, дали е потребно предзнаење?
Секако не е потребно никакво предзнаење, може да се пријави секој оној кој што е мотивиран да изучува нешто ново, кој што сака да се издвои од останатите со своето знаење, како и секој кој сака да дознае како една поголема компанија ги носи своите бизнис одлуки врз база на анализа на податоците и колку тие се од големо значење за работењето. Овој модул исто така ќе им помогне и на оние кои не знаат во која насока да се придвижат а имаат интерес од податоци и сакаат да се развиваат во истата.
Кои вештини ќе ги стекнат учесниците по завршување на курсот за Бизнис аналитика?
Учесниците ќе добијат основни поими од тоа како на едноставен начин да раскажете приказна од вашите податоци. Денес податоците се голем и неизбежен дел од нашето живеење и работење, така да што има подобро од тоа да знаеме како да управуваме со истите и секако да ги користиме за добри цели.
Кој е твојот совет за идните учесници на академијата?
Секогаш да бидат љубопитни, да го работат она што го сакаат и да вложуваат во своето знаење бидејќи тоа е нешто што никој не може да ви го одземе 🙂
А1 Македонија под мотото За подобар свет ја лансираше академијата за дигитални вештини “A1 Academy”. Академијата е дизајнирана за млади од 18 до 25 годиникои сакаат да стекнат нови знаења во областа на Digital marketing, Business analytics или Digital entrepreneurship/emerging technologies.